Бизнис
27. May 2020 - 19:43

Странските инвеститори бараат продолжување на мерката за субвенции на плата

Бројките и натаму се лоши, но подобрување има. Капацитетите во индустриските зони почнуваат полека да се консолидираат и да го зголемуваат производство. Овој месец покажуваат полоши бројки од истиот период лани, но подобри во однос на претходните месеци.

Најголем дел од фабриките во зоните работеа, но со многу помал капацитет и во претходните два месеци. Сега се во преговори со Владата за нивните барања. Сметаат дека мерката за исплата на 14.500 плата по вработен од државата треба да продолжи повеќе од двата планирани месеци. Бараат и царински олеснувања. Владата, вели Царовска, со посебна серизност пристапува кон нивните барања. Целта не е само да се надмине кризата, туку и да им се овозможи развој за што на големо работи и на подобрување на инфраструктурата во зоните.

Оваа недела ќе бидат финализирани уредните за мерките од третиот пакет кој треба да помогне на граѓаните и стопанството. Дел од нив поминале на владината седница вчера, останатите ќе бидат донесени до крајот на неделата кога истекува вонредната состојба.