Свет
9. November 2018 - 10:49

Страотна глетка во Мелбурн: Избезумен маж избоде три лица, па го запали својот автомобил, има и мртви

Полицијата во Мелбурн застрела маж кој избоде три лица и потоа го запали својот автомобил. Едно рането лице им подлегна на повредите.

 
 
Се се одигра во центарот на градот, а на снимките може да се виде како полуден маж, со темен тен и исламска облека, напаѓа полицајци и минувачи. Тие на сите начини се обидуваат да го смират. Како што се наведува, напаѓачот е префрлен во болница и се наоѓа во критична состојба.
 

Напаѓачот прво со автомобил се забил во трговскиот центар, по што тргнал во крвав пир.

Неколку луѓе се префрлени во болница, а лицето со повреда на вратот починало.

„Само слушнавме тресок налик на експлозија и видовме дека гори автомобилот“, рече работник од една блиска продавница.

На местото на инцидентот, во улицата Бурк, се наоѓаат стотина полицајци. Целата област е затворена, а на граѓаните им се советува да ја избегнуваат.