Македонија
15. March 2018 - 13:11

Страотна сообраќајка на “Илинденска“, двајца повредени при судар на две возила

Синоќа во 10,42 часот во Скопје на булевар “Илинден“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Шкода“ управувано од В.В.(49) и патничко моторно возило “Рено Меган“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Б.(47) од Скопје.

По сообраќајната незгода двајца сопатници од возилото “Шкода“, И.Д. (40) и Б.И. (41) со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градска општа болница “Св. Наум Охридски“.

Извршен е увид на местото на настанот.