Страотна сообраќајка на патот Тетово - Гостивар, млада жена почина на самото место, две мали деца повредени
На автопатот Тетово - Гостивар во близина на клучката за село Камењане вчера околу 18 часот се случила сообраќајна несреќа меѓу „опел корса“ со тетовски таблички, управувано од В.С.(37) од Урвич и „форд куга“ со швајцарски таблички, управувано од Л.О. (42) од Кичево.
Во несреќата, возачот на „корсата“ и неговата сопруга Е.С.(32) се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени во Тетовската клиничка болница, каде Е.С. починала.
По укажаната лекарска помош, В.С. бил префрлен во комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди, се здобиле пет сопатници во „корсата“ на возраст од две, шест и тројца на возраст од 20 години кои, исто така, со медицинско возило биле пренесени во Тетовската клиничка болница, а по укажаната помош се пуштени на домашно лекување.
Извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори