Македонија
12. January 2020 - 15:31

Страотна сообраќајка во Скопје, тинејџерка (18) со „голф“ влета во двор, повредени и нејзините сопатници

Рано утрово во 02.54 часот се случила сообраќајна незгода на ул. ,,Јужноморавски бригади“, каде што патничко моторно возило ,,фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А. Р. (18) од Скопје, удрило во паркирано возило ,, ауди“ и капија од дворно место. 

Со повреди се здобила А.Р. и двајцата сопатници Ф.Б (19) од Скопје, и Д.Б (22) од Скопје кои се пренесени во Ургентен центар Скопје и во ГОБ ,,8 Септември“ каде на Ф.Б и Д.Б им се констатирани телесни повреди, а на А.Р. тешки телесни повреди.