Џет-Сет
2. July 2017 - 20:41

Страотно: Вака изгледа пејачката откако ја претепа менаџерот

Романската пејачка Александра Стан се прослави со хитот "Mr. Saxobeat". Јавноста во 2013 година беше шокриана од веста дека пејачката ја претепал менаџерот Марсел Продан.

Бидејќи споменатата песна ја продала во огромен тираж, побарала од менаџерот да и исплати хонорар за успехот кој го постигнала. Наместо тоа - добила ќотек.

-Ме удираше и ме туркаше. Паднав во несвест кога се обидов да му возвратам. Два часа подоцна се разбудив на каучот во студиото. Бев завиткана како да сум спиела. Ме однел во својот автомобил, кој во текот на возењето сум се обидувала да го напуштам. Во еден момент ја отвори вратата и ме исфрли, рече тогаш пејачката.