Живот
21. April 2017 - 21:05

Страшна фотографија која предизвика кавги на социјалните мрежи- гледате ангел или демон

Ричард Кристијансон од Аризона, на Фејсбук објави фотографија која предизвика бројни кавги и направи тотална збрка меѓу љубителите на надреалното.
-„Што по ѓаволите гледате на сликава?“- напиша Ричард под мрачната фотографија, на која е прикажан необично огромен облик во далечина.
-„Тоа е демон, кој дошол на земјата“, „Не е демон, ангел е, има крилја“, беа едни од коментарите на луѓето, кои се обидуваа даја одгатнат необичната појава во далечината.
За среќа, имало и такви кои биле пореални и утврдиле дека станува збор за најобично стебло, најверојатно палма.