Бизарно но вистинито
8. November 2016 - 12:50

Страшна трагедија - Фудбалер усмрти судија

 
Страшна трагедија се случи во Мексико во градот Тулансинг. Во натпреварот на ниската аматерска фудбалска лига фудбалер го усмрти судијата со удар во главата.
 
Натпреварот се одиграл помеѓу локалните клубови Амигос дел Балон и АВОЛ, кога играчот Рубен Ривера Васкз добил црвен картон. Неможејќи да се воздржи тргнал кон судијата и му задал кобен удар во главата.
 
Судијата Виктор Треха паднал и починал на лице место. Лекарите безуспешно се обиделе да му пружат помош.
 
Локалните медиуми тврдат дека Васкез веднаш побегнал и по него се трага.