Бизарно но вистинито
8. July 2015 - 16:28

Страв во Хрватска: Црна убавица ги маѓепсува возачите, влегува во нивните автомобили и исчезнува!

Во знак на благодарност што ја примиле, девојката на возачите има ја зема раката и им ја претскажува судбината од  дланката. На крајот на тунелот убавицата "испарува" од автомобилот...
стои покрај патот за тунелот Учка. Чека автомобили во кои има само возач. Подигнува палец за автостоп... На нејзината етерична убавина и долга црна коса никој не може да одолее. Штом ќе седне во автомобилот, младата убавица во знак на благодарност ја зима раката на возачот и му ја претскажува судбината од дланката. Магијата трае колку возењето преку тунелот. Штом ќе стигнат во Истра, убавицата испарува од затворениот автомобил.
Под тмурната и дождливата планина, која во поголемиот период од годината е под магла, на патот околу кој се издига клисура и густа шума, таква случка никој не остава ладнокрвен. Легендата е родена. Не се знае кој е првиот кој ја возел, но приказната за црната убавица од тунелот Учка се рашири со огромна брзина.
 
Полицијата уште од 1988 година добива повици за црната убавица.
 
Се почнало од 1988 година. Полицијата добивала се повеќе повици и пријави за млада жена. Зголемена била контролата околу падините на Учка, на пристапнита патишта како и на самиот тунел, но никој ја нема видео. Никој освен осамените возачи во ноќта.
Како приказна не била заборавена, за црната убавица биле заинтересирани и италијанците, "Rai 3" снимилe телевизиски прилог за нејзе, но исто така без кокнретни докази, само прераскажување на познатата легенда. Во тоа време сите сакале да ја сретнат црната убавицаа, сите знаеле како изгледа, но никој не успеал да и влезе во траг.
Со секое прераскажување нејзината убавина се зголемувала, така да мистериозната жена станала најисчекувана во тој крај.
Некои тврдат се работи за девојка која избегала од психијатриска болница, а други дека тоа е дух на жена која загинала за време на изградбата на тунелот.
Приказните на сведоците во принцип имаат исти елементи. Ќе соберат автостопер во автомобилот, а кога би стигнале на локацијата која автостоперот ја навел како своја дестинација се вртат кон него за да му соопштат дека се стигнати - автостопер повеќе го нема. Едноставно исчезнува, а вратите од автомобилот не се отворени. Понекогаш возачите со своите фантомски патници се опуштаат во разговорите, но често се ќутливи, а поголем е бројот на женски фантомски стопери.
Како и да е, црната убавица и понатаму е присутна на Учка. И понатаму стопира и влегува во автомобиле, претскажуа и исчезнува.