Македонија
10. October 2024 - 16:36

Стручното образование ќе се крои по теркот на потребите на бизнисот

Стручното образование  ќе се крои по теркот на потребите на бизнисот. Ерата на иселување на млади од државата, МОН ќе ја ублажува со сослушување на бизнис секторот за потребите на пазарот на трудот. Каков кадар недостасува, такви паралелки ќе се создаваат во средното стручно образование, за потоа овие млади директно да се вработат во компаниите и да го работат занаетот за кој учеле во средно. 

На компаниите им е потребен квалитетен кадар, кој од училиште веднаш ќе премине на работа, децидни се од бизнис заедницата.  

Со соработката на компаниите и средните училишта, се очекува да се намали невработеноста, а да се зајакне економијата.

При крај е изработката на законот за средно стручно образование, кое треба системски да ги реши проблемите со дуалните паралелки. Претходно, министерката се сретна и со првиот човек на Стопанската комора, по која беше најавено дека ќе се прават напори дуалното образование да биде имплементирано и кај високо-образовните установи.