Бизнис
31. July 2020 - 13:29

Струјата поскапува, РКЕ со предлог до новата Влада да го намали ДДВ за електрична енергија од 18 на 5%

Цената на Електричната енергија за сите потрошувачи од први август се зголемува за 7.4 проценти, односно зголемувањето на просечна сметка од 1500 денари би било околу 100 денари, велат од Регулаторна. Евтината тарифа нема да се укине ќе може да се користи во истите термини како до сега. 

Но од Регулаторна побараа од идната Влада да размислат за намалување на ДДВ за елетрична енергија од 18 на 5 проценти и зголемување на субвенциите за ранливите категории. За новата цена на парното ќе се одлучува во текот на август.

 
Ирена Чачкова