Струмица доби градска уметничка галерија
Струмица доби градска уметничка галерија. Галеријата е сместена во дел од скривницата на плоштадот Гоце Делчев и има корисна површина од 319 метри квадратни. Покрај изложбениот простор галеријата има депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење. Првата изложба што беше поставена по повод отворањето е посветена на ликовните уметници од Струмица. Под заедничкиот наслов „Сто години струмичка ликовна уметност“ беа претставени дела од ликовни уметници од Струмица кои во минатото твореле и оставиле траен белег во ликовната култура.
Досегашниот градоначлник на општина Струмица Коста Јаневски очекува во ново отворената галерија освен од струмичките автори да се најдат дела и меѓународната ликовна колонија, но и да се создадат услови за реставрација за реставрација на вистинските ремек-дела од таа ризница и нивно ставање на показ на струмичката, македонската и меѓународната културна јавност.
Уредувањето на просторот на новата градска ликовна галерија во Струмица чини 6,5 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет и министерството за култура.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар