Македонија
29. October 2020 - 12:20

Струмица ги засилува сообраќајните контроли

Струмица ја зголемува безбедноста во сообраќајот. Сферни огледала, светлечки солар маркери, сообраќајни знаци и друга опрема, гумени флексибилни флуоросцентни столбчиња, вибрациски ленти, oвa e само дел од опремата која треба да овозможи поголема безбедност, но и проточност на сообраќајот како во општинскиот центар, така и во населените места. Од општината информираа дека преземените активности и мерки веќе почнале да ги даваат посакуваните резултати. На одредени улици кои важеа за едно од нај фрекфентните во градот веќе било регистрирано значително смирување на сообраќајот, но и намалување на сообраќајните несреќи. Како следен чекор кој треба многу да придонесе во намалувањето на сообраќајните гужви е изградбата на велосипедска патека долга 10 километри.

Освен велосипедска патека од општина Струмица најавуваат и дополнителни проекти меѓу кои изградба и импементација на автобуски постојки како и други сообраќајни решенија кои ќе придонесат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.