Струмица пулсира во ритамот на карневалот
Од вечерва градот под Царевите Кули целосно влегува во карневалската еуфорија.
Со карневалската забава и дружење на гостите од странство со преставници на карневалскте групи од Струмица, која почнува во 18 часот и одржувањето на традиционалниот маскенбал во Хотелот „Сириус“ со почеток во 21 часот, на кој се избираат принц и принцеза на Струмичкиот карневал, градот почнува да се тресе во ритамот на карневалот.
Токму маскенбалот е првиот барометар за понудата на маски и нивниот квалитет за главниот настан-Интернационалната карневалска вечер, која се одржува утре.
-Маскенбалот е загревање за главната карневалска вечер, на која годинава имаме и неколку изненадување, како што е една група од Германија, која ќе изведе огнено шоу пред пристигнувањето на поворката, а тука се и гостите од холандскиот остров Аруба. Тие по завршувањето на интернационалната вечер ќе ги повикат сите да се придружат на плоштадот на така наречената „Ноќ на Аруба“ и заедно со звуците на карибската музика ќе направат одлична забава. Се надевам дека временските услови ќе бидат на наша страна и планираната програма во целост ќе ја реализираме, вели Александар Цицимов, претседател на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.
На утрешната Интернационална карневалска вечер ќе учествуваат околу две илјади учесници распоредни во 41 групи од земјава и странство.
Жири комиисијата ќе ги оценува нивните креации, а за најдобрите во повеќе категории се предвидени парични награди.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација