Македонија
25. January 2021 - 12:36

Струмица со голем потенцијал за развој на историски туризам

Струмица има голем потенцијал за развој на културно историскиот туризам, но тој не е доволно ниту експониран ниту искористен. Археологот Зоран Рујак кој со години ги истражува археолошките локалитети во Југоистокот од државата смета дека во последните години ниту локалните ниту државните институции не се занимаваат доволно со оваа проблематика која е многу значајна пред се за локалниот економски развој.

-Сметам дека министерството за економија пред се со својот сектор за туризам треба да обрне поголемо внимание, а исто така и локалната самоуправа. Знаете ние имаме многу манифестации во самиот град, пред се тука е карневалот, тука е Струмица опен фестивал, тука имате различни други настани и збиднувања, денови на Ристо Шишков и така натаму. Заедно со тие работи, практично со тие манифестации на некој начин можеме да го заживееме и културниот туризам. вели м-р Зоран Рујак- Архелог

Бројните археолошки локалитети со нивната оригиналнот и богата историја може да станат сериозен катализатор на локалниот економски развој смета Рујак. Водечко место во целата таа понуда треба да има локалитетот Цареви кули ков важи за еден од симболите на Струмица, која е позната и како град под Царевите кули.

 На некој начин Цареви Кули би требало да се стават како повод да станат катализатор на тој локален економски развој преку културниот туризам. Пак ќе речам, за тоа се потребни многу активности. Можам слободно да кажам дека во последно време во општина Струмица постојат одредени активности во таа насока. Тоа е со центарот за локален економски развој каде што почнавме со одредени активности, но нормално заради цела оваа ситуација цела работа е забавена.вели Ру

Дека туристите има што да видат и дознаат потврдува и содржината на најновата монографија на струмичкиотЗавод и Музеј посветена на токму на локалитетот Цареви Кули. Насловена е  Од праисторија до Римското царство. Во ова прво издание, на повеќе од 300 страници направено е сумирање на резултатите добиени од 15 годишните истражувања  на овој локалитет кои само ја потврдуваат богатата историја на градот но и на поширокиот регион.