Студија: Лица кои немале Ковид имаат пет пати поголема веројатност за зараза од оние кои прележале
Студија спроведена врз 3.000 млади американски маринци кои немале Ковид-19, покажа дека е петпати поголема веројатност да се заразат од оние кои ја прележале инфекцијата, додека околу 10 проценти од маринците кои се заразиле со коронавирусот биле повторно инфицирани. Студијата е објавена во медицинското списание „Лансет”.
„Инфекциите во минатото не гарантираат имунитет, вакцинацијата останува клучна”, се нагласува во текстот на медицинското списание „Лансет”.
Од 189 серопозитивни учесници, 19 (десет проценти) биле позитивни на ПЦР-тестовите во следните шест недели, покажа студијата.
Поранешните пациенти меѓу реинфектираните маринци имале помалку антитела и помалку неутрализирачки антитела, во споредба со маринци кои не се реинфицирале, а кои имале Ковид-19.
„Иако антителата добиени со првичната инфекција се прилично заштитни, тие не гарантираат целосно неутрализирање на коронавирусот или имунитет од нова заразување со корона”, се вели во студијата.
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023