Македонија
18. November 2019 - 11:02

Судар на мопед и автомобил кај Дреново, тешко повреден сопатник

Вчера попладне во 14.30 часот на патот мотел „Дреново“ - Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(36) од с.Возарци и мопед марка „баотијан“, без регистарски ознаки, управуван од Т.П.(28) од с.Дреново.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на мопедот Д.П.(32) од с.Дреново и бил пренесен во болницата во Кавадарци за укажување лекарска помош.

Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.