Свет
25. August 2016 - 17:57

Судири меѓу Слободната сириска армија и курдски милиции јужно од Џараблус

Борци од вооружените групи кои,  со помош на турските војници, го зазедоа сирискиот град Џараблус, нападнаа денеска позиции на курдските сили во северниот дел на Сирија, соопшти телевизијата „Ал Арабија", пренесува ТАСС.

Според овој извор, формации од Слободната сириска армија се обидуваат да ги протераат курдските борци од селото Амарна, на 8 километри јужно од Џараблус.

Командата на вооружената сириска опозиција објави план за создавање на „зона за безбедност" на границата меѓу Сирија и Турција, соопшти телевизијата „Ал Џезира".

Се планира зоната да биде долга 70 километри по должината на границата и широка 20 километри. „Ал Џезира" истакнува дека создавањето на зона за безбедност ќе помогне на турската воена операција „Ефратски штит" во реонот на Џараблус.