Македонија
13. November 2019 - 17:59

Судот го ослободи Груевски од вина за случајот ,,Траекторија‘‘

Груевски нема да одговара за изградбата на кинеските автопати. Му застаре кривичното дело „примање награда и противзаконито влијание“ во предметот „Траекторија“. Според кривичниот законик, тоа дело застарува по шест години откако е сторено или двојно повеќе од предвидената затворска казна..

СЈО во обвинението напиша дека во 2012 и 2013, екс премиерот влијаел при избор на фирма за изградба на две автопатски делници, и сторил кривично дело за кое има затворска казна од една до три години.

Барањето за утврдување застареност, до судот го доставил адвокатот на Груевски, назначен по службена должност.. Обвинителката Лиле Стефанова која го застапува предметот, не ја коментираше одлуката.

За предметот  Траекторија, останува да одговараат Миле Јанакиески, Владимир Пешевски и Љупчо Ѓорѓиевски, но тие одговараат за злоупотреба на службена положба.. За ова има повисоки казни па и подоцна застарува кривичното дело.

За „примање награда и противзаконито влијание“, екс премиерот лани беше осуден на две години затвор во предметот ТЕНК.. Груевски е обвинет во уште четири предмети отворени од специјалното обвинителство и му се суди во отстуство.