Македонија
16. August 2018 - 19:51

Судот започна со работа, обвинетите во „Титаник“ први се вратија во судница

Почна емитувањето на повеќе од илјада прислушувани разговори во предметот Титаник. Тие се докази во постапката на Специјалното јавно обвинителство која се води против дваесетмина обвинети за изборни нерегуларности. Адвокатите смета дека тие не може да се користат како докази бидејќи се прибавени на незаконит начин и не може да служат во законска постапка.

Одбраната се сомнева и во веродостојноста на прислушуваните разговори. Побараа доказ дека снимките кои се слушаат во судницата се автентични на оригиналите кои СЈО ги добило од Социјалдемократскиот сојуз.

За специјалното обвинителство пак аудио снимките се веродстоен доказ бидејќи нивната употреба ја дозволил Апелациониот суд.

Обвинителката Лиле Стефанова побара исклучување на јавноста при емитувањето на седум од вкупно 1062-та незаконски прибавени материјали оти нивната содржина имала приватен каракатер. Предлогот го прифатија судот и одбраната.

Во случајот Титаник кој го води СЈО обвинети се екс премиерот Груевски, поранешната министерка за внатрешни, генералниот секретар на владата, вработени во МВР. Пред судот одговараат за изборни нерегуларности.