Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје
Судскиот совет на Република Северна Македонија ги демантира наводите за извршен претрес во нивните простории, истакнувајќи дека постапиле по писмените барања на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. Советот нагласува дека не е издадена наредба за претрес и дека ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи, водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство.
-Судскиот совет на Република Северна Македонија по повод пласираните информации во јавноста за наводен „извршен претрес“ во просториите на Советот во текот и по завршувањето на работното време, ја информира јавноста дека по примени писмени барања на ОЈО Скопје, Судскиот совет на РСМ постапи по истите. Нагласуваме дека не е издадена наредба за претрес, ниту е извршен претрес во просториите на Судскиот совет на РСМ, стои во соопштението од Судски совет.
Оттаму дополнуваат дека Советот соработува и ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи и институции во државата водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство и се оградува од било какви влијанија и притисоци одвнатре и однадвор, а со цел заштита на независноста и интегритетот на судството.
Како што потврди Јавното обвинителство претходно, полициски службеници по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје вчера влегле во Судскиот совет за да ги обезбедат записниците во врска со сомнежите за евентуално сторено кривично дело поврзано со мандатот на претседателката на Судски совет, Весна Дамева, која поднесе оставка на 2 декември.
Министерството за внатрешни работи за МИА денеска потврди дека е во тек предистрагата. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, бараните два записници кои треба да се проверат се одземени.
Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, поднесе оставка на 2 декември. Таа рече дека причината за оставката е недостатокот на поддршка и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација