Македонија
8. April 2019 - 16:10

Сулејман Реџепи: Македонскиот народ е див, без идентитет

Не стивнуваат реакциите за навредливиот говор на поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи, на церемонијата од поставувањето на камен темелник на џамија во скопското село Арнакија. Во своето обраќање пред присутните верници, на 14ти минатиот месец, тој македонскиот народ го нарекол див народ, без идентитет.   

Овој народ, со кој што заедно живееме е див, беспримерно див. Затоа немаат идентитет и никогаш  нема да го имаат…”, 

Објаснувајќи ја историјата на оваа џамија, меѓу другото, тој открил дека во минатото, еден македонски премиер, со 60 килограми динамит ја урнал џамијата.

Иако видеото на кое се слуша неговиот говор е поставено пред два дена, засега нема никакви реакции од партиите на Албанците во Македонија.