Ракомет
25. August 2017 - 18:18

Супер Глоуб: Вардар во полуфиналето

Со убедлива победа од 30-22 ракометарите на Вардар се пласираа во полуфиналето на Супер Глоуб во Катар. Совладан иранскиот Гашаран во меч во кој црвено-црните уште по првиот дел кога поведоа со 15-10 ја навестија победата.  Најголемото водство на европскиот првак беше забележана на почетокот на вториот дел кога Вардар поведе со 19-10 предводени од Циндриќ и Борозан со по 5 погодоци. 

Во борбата за финале Вардар утре ќе игра против Барселона.