Супер училишта во Струмица
Преку младински размени средношколците од регионот на западен Балкан 6 меѓу кои и ученици од македонските средни училишта ќе ги промовираат нивните идеи кои се однесуваат на интеркултуралноста, помирувањето во регионот и соработката. Размените се дел од прoектот Супер училишта со кој е планирано да бидат опфатени околу стотина младински размени. Целта на проектот е преку двојна размена на ученици да обезбеди терен за создавање силни и одржливи врски помеѓу средните училишта во регионот и градење долгорочни партнерства.
Освен размената училиштата имаат можност да добијат и техничка помош, која ќе ја одберат самите, а во рамки на проектот ќе се организира конференција и летен камп на кој младите по размената ќе можат повторно да се дружат.Со проектот е планирано да се поддржат 26 до 30 проекти во регионот, а повикот за аплицирање е отворен до крајот на октомври.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар