Фудбал
25. September 2016 - 10:02

Суперкуп: Прв трофеј на Мекејлеб во Шпанија

Кошаркарите на Гран Канарија ја декласираа Барселона со 79-59 и го освоија трофејот во Суперкупот на Шпанија. Играч на натпреварот беше поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб.
 
Гран Канарија приреди вистонско изненадување во Суперкупот на Шпанија, откако Успеа да ја прекина седумгодишната доминација на Реал и Барселона во ова натпреварување.
 
Екс репрезентативецот на Македонија, Лестер Бо Мекејлеб со 15 поени, пет скокови и исто толку асистенции ја предводеше Гран Канарија до првиот трофеј во ова натпреварување.