Бизнис
28. July 2015 - 19:49

Сушата ќе ги преполови посевите

Летните горештини негативно ќе се одразат на земјоделските култури. Високите температури ќе го намалат нивниот квалитет и принос, а може да доведат и до зголемена појава на болести и штетници.

На удар се  пролетните, градинарските, фуражните како и окопните култури кај кои оваа година вегетацијата доцни.

Според агрометеоролозите високите температури можат да наштетат и на овошките и виновата лоза но не во толкава мера поради подлабокиот корен кој го имаат.

Пресметките на влажноста на почвата минатата недела покажале дека високите температури ја усушиле земјата, намалени се резервите на вода и земјоделските култури се соочуваат со умерена до јака суша.

Сушата може да предизвика површински оштетувања на листот  а кај овошките може да доведе до намалена сочност и вкус.

Кај тутунот пак влијае позитивно на квалитетот а негативно на приносот. Од друга страна пак, сувото време овозможува непречено одвивање на жетвата на пченица и јачмен која е во тек.