Македонија
21. May 2017 - 9:07

Свечена академија по повод Националниот ден на Власите

По повод Националниот ден на Власите - 23 Мај, Лигата на Власите денеска напладне во Скопје организира свечена академија.

На академијата ќе се обрати Мите Костов Папули, претседател на организацискиот комитет за одбележување на Националниот ден на Власите, а предвидена е и богата културно-уметничка програма.

Годинава се навршуваат 117 години од Декретот на турскиот Султан Абдул Хамид Втори со кој  Власите беа признати како посебен народ. Со овој документ издаден на 23 мај, во 1905 година Власите ги добиле сите права како и останатите немуслимански народи во рамки на тогашната Отоманска Империја.

Годинава се одбележуваат и 10 години од прогласувањето на Националниот ден на Власите за државен празник и неработен ден за сите припадници на влашката заедница.