Македонија
22. November 2018 - 8:34

Свечено отворање на „Црногорска соба “ во Вевчани

 „Црногорската соба“ опремена со автентични експонати и предмети што го претставуваат идентитетот, културата и традицијата на Црна Гора денеска ќе биде отворена во ресторан „Виа Игнатиа“ во Вевчани.

Како што информираат од црногорската амбасада во Македонија, на свеченото отворање ќе присуствува министерот за надворешни работи на Црна Гора,Срѓан Дармановиќ, по што ќе биде одржана културно-уметничка програма.