Свечља: Од денеска заеднички гранични премини меѓу Косово и Северна Македонија
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечла, тврди дека од денеска Косово и Северна Македонија ќе имаат заеднички гранични премини, односно само една пасошка контрола.
Свечља на својата страница на Фејсбук објави дека го потпишал договорот со кој ќе се овозможи воспоставување на заеднички гранични премини со Република Северна Македонија, на премините „Генерал Јанковиќ – Блаце“ и „Глобочица-Јажинце“.
-Од денеска Република Косово и Република Северна Македонија имаат заеднички гранични премини. Имајќи ги предвид пријателските односи, засновани на вредностите на еднаквост и со цел зајакнување на регионалната соработка, денеска го потпишав договорот со кој ќе се овозможи воспоставување заеднички гранични премини со Република Северна Македонија, „Генерал Јанковиќ – Блаце“ и „Глобочица-Јажинце“, напиша тој.
Овој договор, според косовскиот министер за внатрешни работи, „има за цел да ги поедностави процедурите и да го олесни движењето на луѓето и возилата“.
– Граѓаните отсега ќе се легитимираат само на еден граничен пункт, напиша Свечља.
Ново на Сител
-
Македонската кик бокс репрезентација која учествуваше на Европското во Истанбул на прием во Агенција за млади и спорт
-
УЕФА ја казни Украина пред натпреварот со македонската репрезентација во евроквалификациите
-
На почетокот на наредната година минималната плата ќе се зголеми за најмалку 10 отсто, вели Бектеши
-
Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура
-
Протест пред албанскиот Парламент за изгласување закон за минимална плата и пензија
-
Приведен дилер од тетовско, при претрес пронајдена дрога
-
Костадиновска Стојчевска: Статусот на УНЕСКО останува, остануваат и препораките за негово зачувување
-
Бектеши: Носиме одлуки за граѓаните, а не за лични интереси на одредени членови на коморите