Сведок во ,,Титаник”: Над 500 лица во Кичево донирале средства за ВМРО-ДПМНЕ
Од 90-тите години сум член на ВМРО-ДПМНЕ, и секогаш сум донирал парични средства во партијата, изјави сведокот Наќо Николовск од Кичево, во случајот ,,Титаник”, наведувајќи дека тоа го има направено во Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, но не во банка.
– Никогаш не сум уплатил во банка во име на партијата, меѓутоа секој месец сум донирал во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, во ОК-Кичево. Највисок што сум го донирал беше 20 илјади денари во 2011 година пред изборите, а пред тоа сум плаќал членарина од две-три илјади денари. До моментот кога бев повикан во СЈО, не знаев дека во мое име е исплатен износ од 60 илјади денари. Уплатницата ја видов при распитот и потписот не беше мој, рече сведокот Николовски.
На прашање на обвинетиот Илија Димовски, дали бројот на лица кој плаќале членарина го надминува бројот 500, тој наведе дека бројот бил поголем и дека ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кичево, потоа парите ги уплатиле во банка во име на партијата.
Судењето за овој предмет го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.
Меѓу главните обвинети за овој случај се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, поранешниот пратеник Илија Димовски и други поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, обвинетите се осомничена за кривичните дела повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок