Балкан
29. December 2020 - 17:00

Сведоштва на жители на погодените делови - се стравува ли од нови потреси?

Разорниот земјотрес кој траел половина минута за граѓаните во Хрватска се чинело како вечност. Ана Алапиќ од Сисак низ солзи сведочи за страшниот земјотрес кој попладнево ја тресеше државата. Не можела ниту да избега бидејќи нејзиното дете е тешко болно и неподвижно. Епицентарот е на десетина километри од нивниот дом а последиците се катастрофални.

Разорниот земјотрес бил силно почуствуван и во хрватската престолнина вели македонката Даниела Колариќ која живее во Загреб. Без струја и телефонска мрежа останале и жителите на главниот град. 

За страшниот призор сведочи и новинарката на РТЛ. Сеуште се трага по луѓе под рушевините во Петриње и Сисак. Новинарката Данка Дерифај вели народот е преплашен и буквално сите се на улица. Сите служби од Загреб се упатени кон погодените места.

Тлото не мирува по силниот земјотрес. Репортерите во Хрватска регистрираа уште еден посилен потрес во Петриње додека известуваа за загинати и повредени под рушевините.