Кошарка
18. February 2017 - 11:38

Свет подобар од Американците

Кошаркарите од Тимот на Свет остварија победа на ноќешниот дуел против американскиот тим со 150:141.
 
Во Тимот на Свет настапија играчи кои се прва или втора сезона во НБА лигата, а истото правило важи и за американскиот тим. Најефикасен на дуелот беше Џамал Мари од Денвер, кој постигна 36 поени и го доби признанието МВП на натпреварот.
 
Во составот на САД најпрецизен беше Френк Камински од Шарлот со 27 поени.
 
Ова беше првиот настан на годинашниов „Ол стар“ во Њу Орлеанс.
 
Вечерва на програмата е натпреварувањето во забивање, шутирање тројки и „скилс џелинч“. Дуелот Исток – Запад на 66-то издание на „Ол стар“ ќе се одржи вечерта недела кон понеделник по европско време.