Македонија
29. July 2016 - 14:11

Свети Николе: Разбојник претепал 91-годишен старец до смрт за 30.000 денари

Од 13 часот до 18 часот и 20 минути во Свети Николе, на улицата „Рахилка Гонева“ се одвивала вистинска драма.  Во станот на 91-годишниот С.К. непознат разбојник влегол и одзел 30.000 денари. Насилникот според податоците од полицијата  влегол низ незаклучена врата и со тап предмет физички го нападнал старецот, нанесувајки му повреди во по целото тело. Изнудил да каже каде ги чува парите,  ги зел и го напуштил местото на настанот.

Неговиот син го нашол и го пренел С.К. во неконтактибилна состојба, во болницата во Свети Николе. По укажаната помош бил пуштен дома, а за жал денеска во два по полноќ им подлегнал на повредите.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.