Македонија
20. December 2015 - 16:36

Светицата Мајка Тереза ќе донесе голем број туристи во Македонија

Мајка Тереза ќе биде прогласена за светица, вест која  ударно беше пренесена во светските  медииуми. Хуманситката од Македонија ги наполни насловните  страници на Си ен ен , Би би си, еуроњуз, гардијан , вашингтон пост а голем простор отстапија и балканските медиуми..

Папата Францииско и го призна второто чудо на МАјка Тереза и со тоа се отвори патот таа да биде прогласена за светица, објави Си ен ен. Добитничката на НОбеловата Награда за мир на чекор до светица , пренесе Би бИ Си, додавајќи  дека чудото кое беше потребно за нејзино прогласување за света е поврзано со лекување на маж во  Бразил, кој имал сериозна мозочна инфекција. Ен Би си ја пренесува и изјавата на сестра Ита од сестринството во Калкута

“Ние сме апсолутно восхитени од оваа вест”, “Mногу сме среќни што слушаме за канонизацијата и се надеваме дека во поскоро време ќе слушнеме нови детали.

Скопјанката Мајка Тереза која во 2003 –ата беше прогласена за блажен же биде каконинизира и прогласена за света, објавија   Српските медимуи. Хрт пишува дека Мајка Тереза најдобро покажала дека со тешка работа најдбро му се служи на бога.

Светските медиуми дадоа потврда дека Мајка Тереза е еден од најпрепознатливите светски ликови од овие простори.

Осеобено внимание на ликот и делото и оддава и МАкедонија, со што во последните неколку години се направија многу чекори за нејзина популаризација .

Изградена е Спомен куќата која секојдневнио е доаѓаат многу туристи а во изградба е и  скулптирана композиција во центарот на Скопје, која се очекува да биде следната туристичка светска  атракција.

Во чест на хуманистката,  автопатот скопје-струга, обиколницата на главниот град, клиничкиот центар, булевари, улици  како и границата со албанија е именувана по нејзиното име. Издадени се голем број на книги и монографии а снимен е и документарен филм за Мајка Тереза.

НИз главниот град поставени се над 40 табли на кои се испишани нејзините мисли, плоштадот пред платото на МОБ го носи нејзиното име,како и  мостот кај МАНУ и повеќе спортски објекти во Аеродром, Тетово и Теарце.

Споменикот На Мајка Тереза е вметнат и во спотот за Македонија кој неколку години се прикажува на Си ен ен.