Македонија
16. April 2017 - 16:22

Светот под засилени безбедносни мерки го одбележува најголемиот христијански празник

Во најголемиот православен храм на светот Храмот на Христос спасителот во Москва, патријархот Кирил ја предводеше  полноќната литургија на која присуствуваа илјадници верници меѓу кои и претседателот  и премиер на Русија Владимир Путин и Димитриј Медведев.

Во Египет пак празникот беше одбележан во страв  од евентуални напади. Полицијата целосно ги блокирала патиштата кои водат до главните катедрали.

Коптите кои се малцинство во оваа земја присуствуваа на велигденската богослужба во страв поради десетината загинати во бомбашкит напад кои се случи една недела прег најголемиот христијански празник.

Од безбедносни прични верниците биле принудени да поминат низ метален детекор пред да влезат во катедралата Свети Марко која се наоѓа во градот Александрија една од двете локации кои беа цел на нападите на ИСИЛ.

Дури и свештенството било изненадено што и покрај ризикот  голем број на верници дошле на одбележувањето на христовото воскреснување.

Ова според нив е јасна порака до целиот свет дека коптите не се исплашени.

Во Ватикан десетици илјади верници празникот го прославија  под силно обезбедување  на плоштадот Свети Петар во каде поглаварот на римокатоличката црква Папата Франсиск ја  предводеше велигденската миса.

Мнгогу туристи, верници и граѓани  дојдоа на плотшадот украсени со шарени пролетни цвекиња да ја чујат традиционланата  велигденска порака од папата од централниот балкон на базиликата свети Петар.

Во Грција многу грчки села имаат свои обича и традиции. Но најспецифична  е прославата во малото село Леонидио каде за Велигден сите улици  се украсени со илјадници портокали полнети со свеќи.

Најипресивен обичај е вечерта на воскресението, кога на небото светат илјадници светла рачно изработени , а големиот празник се слави и со голем огномет.