Loading Video...
Бизнис
12. October 2021 - 16:41

Светот со конкретни мерки во заштита на граѓаните од ефектот на енергетската криза

Светот се соочува со енергетска криза, владите да преземат мерки додека не е доцна, предупредуваат аналитичарите. Додека цените на гасот уриваат рекорди, во Либија запре производството на струја, Индија има јаглен само за наредните 3 дена, во Кина фабриките работат на принципот пар непар, Албанија прогласи вонредна состојба, во Јужна Америка хидроцентралите не работат, во САД се стравува од поскапување, во Велика Британија покрај со гасот, мака мачат и со недостиг на гориво. Рестикции веќе почнаа и во Европа. 

Резервите на гас се речиси празни, испораката е ограничена од страна на Русија и Норвешка, а Газпром најави повисока цена за испорака на гасот.  Електричната енергија од обновливите не е доволна. 

Во Австрија, малите произвоидители во ноември престануваат со работа. Во Италија струјата посокапува за 30%, додека сметките за гас до 15 осто и покрај владините мерки, вредни 3 милијарди евра. 

Во Албанија премиерот Рама веќе прогласи вонредна состојба поради недостатоког на електрична енергија во престсојанта зима и најави, дополнителни 200 милиони евра за државниот производител на струја, за да се спречи скок на цената на енергенсот. 

Српскиот престедател Вучиќ изјави дека сите земји се пред голем предизвик. 

Криза има и во Бразил. Претседателот Болсонеро минатиот месец побара од граѓаните да не ги користат лифтовите и да се тушираат со ладна вода.