Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
По повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина - 8 Мај, Црвениот крст на Македонија се вклучи во глобалната кампања на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, што се одвива под мотото „Насекаде за секого“.
- Насекаде во светот меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина е присутна за секого. Преку глобалната мрежа од речиси половина милион вработени лица и над 17 милиони волонтери Црвениот крст /Црвената полумесечина дејствува како сила за позитивна промена за најранливите категории население во ситуации како одговор на потреби во случај на катастрофи и вооружени конфликти, обезбедување поддршка во урбани центри и тешко достапни подрачја, како и застапување во нивна корист во политичките кругови и владите. Водени од oсновните принципи ја мобилизираме моќта на хуманоста да спасуваме животи и да ги намалиме страдањето, се вели во пораката од Црвениот крст.
Како дел од активностите за одбележување на Светскиот ден, Црвениот крст на Република Македонија утре ќе отвори Центар за логистика во Момин Поток во Скопје.
Целта на отворањето на Центарот за логистика е зајакнување и унапредување на капацитетите за логистичка поддршка на националното друштво, како и придонес кон функционално единство, унифициран дизајн, видливост и препознатливост во државава и пошироко, соопшти Црвен крст на РМ.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор