Loading Video...
Свет
22. November 2020 - 16:28

СЗО: Ако нема рестрикции ќе има трет бран на Ковид-19

Без рестриктивни мерки ќе има трет бран пандемија и тоа на стартот на 2021 та година, предупреди Светската Здравствена Организација. Според специјалниот советник Давид Набаро, ако Владите го повторат неуспехот да направат се што беше неопходно за да го спречат вториот бран, третиот бран е на прагот.

- Направени се пропусти во надградба на потребната инфраструктура во текот на летните месеци, откако првиот бран беше ставен под контрола. Сега сме во вториот, ако не се направи доволно, ќе имаме трет бран, изјави Набаро во интервју за швајцарските медиуми.

Ја искритикува Швајцарија и нејзиниот потег да дозволи скијање со задолжително носење маска во гондолите и на жичарниците, додека останатаите алпски земји забранија скијање. Со ова, според него, бројот на новозаболени и починати, може да биде навистина голем.

- Еднаш кога стапкате на зараза ќе паднат, а ќе паднат, тогаш можеме да бидеме слободни колку што сакаме. Но сега? Дали ни требаат отворени скијачки центри? Под кои услови, се прашува Набаро.

Тој ги пофали азиските земји, како Јужна Кореа, каде стапките на инфекција се исклучетелно ниски и кои целосно ангажирани и го прифатија однесувањето кое го отежнува ширењето на вирусот – дистанца, маска, изолација на лицата додека се болни, миење раце и лице, заштита на најзагрозените групи. Реацијата на Европа не беше доволна, оценил тој.

И додека бројот на заразени и починати во светот урива рекорди  – сите надежи се свртени кон вакцината. Колку ќе чини и кога ќе биде достапна.

Русите објавуваат дека цената на нивната Спутник 5 ќе биде значително пониска од вакцините на Фајзер и Модерна. Но не објавија колку ќе чинат. Цената на Фајзер ќе биде околу 19,5 долари, додека на Модерна од 25 до 37 долари. На едно лице ќе му требаат две дози, што значи ќе треба да се плати најмногу од 50 до 74 долари.