СЗО: Договорите на богатите земји го загрозуваат Ковакс
Земјите кои се обидуваат да набават свои дози на вакцина потпишуваат договори со компании за лекови кои го загрозуваат снабдувањето на глобалната програма Ковакс за сиромашните и земјите со среден приход, соопшти денеска Светската здравствена организација.
„Земјите сè уште склучуваат договори што ќе го загрозат снабдувањето на Ковакс, без сомнение, рече високиот советник на СЗО, Брус Ајлвард на брифинг.
Светската здравствена организација, еден од предводниците на програмата Ковакс за обезбедување вакцини за сиромашните земји, долго време ги повикува богатите земји да обезбедат фер дистрибуција на вакцините.
” Направивме голем напредок. Но, тој напредок е кревок. Мора да ја забрзаме испораката и дистрибуцијата на вакцините против Ковид-19 и не можеме да го сториме тоа ако некои земји продолжуваат да им се обраќаат на производителите кои произведуваат вакцини на кои смета Ковакс, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој исто така ги повика земјите да се откажат од правилата за интелектуална сопственост, за да им се дозволи на другите земји побрзо да прават вакцини.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно