СЗО: Ќе дистрибуираме две милијарди вакцини до крајот на 2021 година
Светската здравствена организација (СЗО) се надева дека ќе може да дистрибуира околу две милијарди вакцини против коронавирусот до сите земји во светот до крајот на 2021 година, изјави претставникот на СЗО во Русија, Мелита Вујновиќ.
СЗО покажува умерен оптимизам кога станува збор за вакцините. Веруваме дека наскоро ќе можат да се даваат безбедни и ефикасни вакцини и оти фармацевтските компании ќе ни помогнат во борбата против пандемијата. На пример, со помош на механизмот КОВАКС, СЗО верува дека може да дистрибуира до две милијарди дози од еден или повеќе видови на вакцини против коронавирусот, рече Вујновиќ, пренесе ТАСС.
Таа додаде дека е рано да се предвиди кога светот ќе се врати во нормален живот.
„Првиот контингент на вакцини ќе им биде понуден на луѓето на кои им е најпотребна, а тоа се здравствените и социјалните работници, како и најзагрозените групи“, рече Вујновиќ.
КОВАКС е меѓународен механизам инициран од СЗО со помош на уште некои светски агенции за вакцини и имунизација, а целта е да се добие вакцината за Ковид-19 што е можно полесно и побрзо. До денес, 184 држави се приклучија на КОВАКС.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка