Loading Video...
Свет
1. јуни 2021 - 16:31

СЗО воведува нови имиња за варијанти на Ковид-19

Мутациите на Ковид-19 повеќе нема да се нарекуваат по земјата каде за првпат е откриена.

Ќе бидат именувани со буквите од грчката азбука и тоа редоследно по нивното откривање одлучи СЗО потенцирајки дека ниедна земја не треба да биде стигматизирина поради откривањето и пријавување на варијанти на Ковид-19.

Според тоа, Алфа е новото име на варијантата откриена во Велика Британија, јужноафриканската е означена како Бета, бразилската Гама а индиската како Делта. Доколу официјално бидат откриени повеке од 24 варијанти, СЗО ќе објави нова програма за именување.