Македонија
31. August 2016 - 22:35

Тачи: Добро е што е потпишан договор за фер и демократски избори

Лидерот на ДПА Мендух Тачи вечерва по завршувањето на лидерската средба изјави дека е добро тоа што е потпишан договор за фер и демократски избори на 11 декември.

- Но, поважно ќе биде ако партиите што ќе ја сочинуваат владата од задутре дадат голем придонес тоа да се случи и на терен. ДПА ќе продолжи да се однесува конструктивно, а главна надеж и гаранција за нас останува меѓународниот фактор - САД, ЕУ и другите институции кои ќе ги набљудуваат изборите во Македонија, изјави лидерот на ДПА.