Тачи: Косово пред две решенија-интеграција или изолација
Во синоќешното директното обраќање до нацијата, косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово во моментов се наоѓа пред две решенија: интеграција или изолација.
- Јас,заедно со Вас сме определени за интеграција во евроатланското семејство, рече Тачи.
Тој посочи дека на политичкиот и инситуционален крстопат, на кој се наоѓа Косово, многу е значајно политичката одлучност да го донесе потребното решение. Потребно е, рече тој, Косово да се придржува на постигнатите меѓународни договори, вклучувајќи ја и демаркацијата на границата со Црна Гора.
- Гласајте за да ја потврдиме нашата геостратегиска ориентација и партрнерство со САД, западно европските сојузници и нашата визија за евроатланска интеграција. Не ја предизвикувајте вашата и иднината на цело Косово заради дневнополитички интереси, ги повика Тачи пратениците во косовскиот парламент.
Тој на пратениците уште им порача дека денот кога ќе се ратификува спогодбата за демаркацијата, треба да знаат дека имаат една голема одговорност и да покажат дека Косово го почитува меѓународното право и оти нема никакви гранични претензии кон ни една држава.
- Целта и визијата на Косово е да станеме членка на НАТО и на ЕУ,рече Тачи.
Според косовскиот претседател треба да се имплементира и Спогодбата за формирање Заедница на српски општини (ЗСО) со мнозинско српско насление и оти тоа ќе биде според Уставот и законите на косовската држава.
- Нема зошто да се плашиме од она што го дозволува и гарантира нашиот Устав. Го имаме отстрането секој ризик за поделба на Косово или за создавање некоја автономија. Такво нешто никогаш нема да се случи во нашата Република, порача Тачи.
Тој зборуваше и за посетата на американскиот потпреседател Џо Бајден, оценувајќи ја како многу значајна.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората