Балкан
24. October 2020 - 15:18

Тачи: Сега е време Косово да стане членка на Обединетите нации

Косовскиот претседател Хашим Тачи по повод денешнјиот Ден на Организацијата на обединетите нации (ООН) порача дека „сега е време Косово да стане членка“ на светската организација на народите.

Тачи преку својот Твитер порача дека 75 години по основањето на ООН на човештвото му е потребно единство поради новите предизвиците со кои се соочува.

– Улогата на ООН во градењето на мирот и стабилноста во светот и натаму е значајна. Денес, кога човештвото се соочува со новите предизвици, од суштинско значење е да бидеме обединети во зачувувањето на сигурна иднина за нашите земји. Сега е време Косово да стане членка на Обединетите нации, напиша Тачи.