Живот
4. February 2017 - 19:05

Тајна секс забава за богати и моќни: Се плаќа 1700 евра за една вечер, сите се маскирани и перверзни

Еден од најлуксузните и најскапи секс клубови во светот со назив „Snctm“, неодамна ги отвори своите врати низ кои малкумина може да минат, со цел пред светот да се покажат дел од работите што овој мистичен простор во центарот на Лос Анџелес им ги овозможува на љубопитните богаташи.

Инаку, доколку некој посака лично да присуствува на една забава во овој клуб, треба да издвои 1.700 евра за вечер.

Посетителите на „Snctm“ секс клубот треба да си обезбедат и сопствен превоз односно авион до Лос Анџелес и автомобил кој ќе ги донесе до вратите на клубот. Доколку пак некој може да си го дозволи луксузот да плати 70.000 евра, тогаш домаќинот на клубот му овозможува посебен третман - пристап до сите соби и задоволувања на посебни барања за време на оргиите.

Инаку, мажите го плаќаат споменатиот износ од 1.700 евра доколку во клубот дојдат сами, а 1.500 доколку со себе доведат партнерка. 

За дамите влезот е бесплатен, но мораат претходо да бидат проверени (прегледани).

Новинарката на „Њујорк Пост“, Хедер Хојсвирт, неодамна направи репортажа за овој таинствен клуб, односно таа имаше привилегија да влезе во собите исполнети со љубители на жестоки секс експериментирања, како замена на партнери, но и исполнување на други скриени фантазии, како и оргија под маски.

Репортерката била една од 99 гости кои имале можност во живо да гледаат „секс во тројка“, но и да присуствуваат на познатото шоу познато како „секс палење“.

- Околу нас имаше многу млади, убави жени, би рекла дека изгледаа како модели. Сите тие се шетаа во провокативна долна облека, на задоволство на мажите кои носеа елегантни одела. Сепак, поради дискреција, сите гости носеа маски слично како во филмот „Широко затворени очи“ - изјавила новинарката.

- Една русокоса девојка која не изгледаше како да има повеќе од 20-години носеше долна облека од црвена тантела, а на лицето носеше маска од свиња - опишува новинарката.

Погледнете го ВИДЕОТО, кое може да се опише само со еден збор - необјасниво.