Loading Video...
Свет
9. August 2022 - 16:30

Тајван: Кинеските воени вежби се подготовка за инвазија

Тајван ги почна тридневните воени вежби со боева муниција, а целта им е да симулираат одбрана на евентуален наапд на кинеските вооружени сили. Маневрите беа најавени на крајот на јули и  се дел од годишните вежби на земјата, соопшти претставник на тајванската армија. А во близина на Тајван веќе неколку дена големи воени вежби одржува Кина, кои за властите во Тајпеј се подготовка за инвазија на островот. Целта на Кина е да го анектира Тајван соопшти тајванскиот министер за надворешни работи.

Кинеското Министесртво за надворешни работи соопшти дека Тајван е дел од Кина и дека Кина спорведува воени вежби на својата територија на отворен, транспарентен и професионален начин.