Македонија
24. February 2019 - 18:16

Таксист нападнат од пијан патник кој не сакал да плати

Педесет и петгодишен такси возач утрово бил нападнат од страна на скопјанец кој бил во алкохолизирана состојба.

Според пријавата, патникот се качил на улицата „Народен Фронт“ и рекол дека нема да плати, па го удрил таксиметарот. Кога таксистот му кажал да излезе бил физички нападнат.

По документирање на случајот против напаѓачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.