Македонија
18. November 2021 - 10:41

Таравари: 99 проценти нема да се добие датум во декември и ќе ја видите „експлозијата“ во Владата

Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, во дебатната емисија на ТВ Шења изјави дека во Владата ќе се случи „експлозија“, откако најверојатно нема да биде добиен датум за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ ниту на 15 декември 2021 година.

„Има многу незадоволство во Владата. Ќе помине 15 декември, 99 проценти нема да се добие датум и ќе ја видите експлозијата во Владата“, вели Таравари.