Бизарно но вистинито
11. August 2017 - 12:37

Татко на три деца сокрил камера во гелот за туширање, па снимал 13-годишно девоjче!

Мајкл Меџик (38) е обвинет дека во гел за туширање ставил мобилен телефон со кој снимал 13-годишно девојче додека се туширало.

Овој татко на три деца својот изум прво го пробал на сопствената жена. Тој во гелот за туширање ставил мобилен телефон и потоа направил отвор точно таму каде што е камерта. Така гелот за туширање го ставил свртен кон личноста која се тушира.

Меѓутоа неговата 13-годишна жртва приметила дека нешто не е во ред и ги алармирала надлежните, кои на снимка виделе како Меџик го поставува својот педофилски уред. Целиот случај се одвивал во неговата куќа, а Дејли Мејл поради сигурноста на детето не навеле во каков однос била таа со престапникот. Инаку Меџик работел како чувар во магацин и веднаш е суспендиран и притворен.

- Детето се сеќава само дека го приметило телефонот во гелот за туширање и дека го земало телефонот на кој видело дека е вклучена камерата и дека се снима - рекла судијката и открила дека Меџик на судот се извинувал и бранел "дека воопшто не знаел што се случува со него", едноставно децата го возбудувале.

Тој по одлука на судот мора да оди на рехабилитација, да плати оштета и да биде запишан во регистерот на сексуални престапници.