-->
-->
Таткото на српскиот убиец одговори на заканите: Нека дојдат да ме убијат!
-->
Не ги учев децата да убиваат! Тоа не е вистина. Јас сега сум ненормален човек после се што ми се случи, револтирано вели Радослав Златиќ, татко на Синиша кој во српското село Житиште, во близина на Зрењанин уби петмина, а рани 20 луѓе во кафулето Макијато.
Таткото на убиецот за српски Ало рекол дека не знае поради што неговиот син извршил незапаметен масакр.
- Едноставно немам одговор зошто тоа го сторил. Јас сум му татко и тоа што го направи ќе го носам на душа додека сум жив, резигнирано вели Златиќ.
Тој тврди дека не знаел за разводот на неговиот син од сопругата Дијана Савановиќ која прва беше изрешетана во кафулето додека седела во друштво на своето ново момче, Синиша Јојиќ.
На прашањето дали е точно дека имал оружје на таванот кое го донел од боиштето во родното Осјек, рекол:
- Кои сте вие, вам да ви полагам сметки?
Радослав исто така го разлутиле чаршиските муабети дека семејствата на жртвите од масакрот се закануваат со крвна одмазда.
- Нека дојдат да ме убијат. И што со тоа? Не се плашам од никого! Можев до сега милион пати да загинам, рекол луто таткото на Синиша.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана